Семејството Кардашијан е во неволја и се загрижени за финансиите, како последица од ситуацијата со коронавирусот. Економскиот проблем во Америка, рејтингот на нивното реално шоу се повеќе и повеќе паѓа, а со тоа и продажбата на нивните производи.
„Нивниот профит се намали, но тоа не значи дека нивниот стил на живот се смени. Тие и понатаму сакаат да трошат, поради што сегашната состојба ги потресе – сега треба да гледаат на секој цент“, тврди извор близок на семејството.
Секој член на семејството има огромна куќа и голем број вработени што редовно ги плаќа, како и одржување на луксузни автомобили и други луксузни добра. Изворот вели дека семејството е задолжено за огромни суми пари.
„Тие имаат многу недвижнини ширум Америка за кои плаќаат големи хипотеки. Ако работите не се подобрат, тие ќе мора да продадат најмалку три големи имоти“, објаснува изворот.
Нивниот спас во последните неколку години беше реалното шоу што се емитува веќе 18-та сезона. Единствените членови на семејството кои немаат проблеми со пари се Кајли и Кендал Џенер. Едната е најмладиот милијардер во светот, а другата најплатен модел на денешницата.