Излегувањето  од автомобил во движење  и танцување покрај автомобилот  може да изгледа бизарно и опасно, но токму тоа го прават корисниците на социјалните мрежи како дел од најновата интернет-сензација – #KikiChallenge или # InMyFeelingsChallenge – а ја зафати дури и  Индија. Но, не само следбениците туку и сообраќајната полиција ширум светот исто така ги гледа овие видеа. Но прво…

Што всушност е #KikiChallenge?
Ако пребарате по социјалните мрежи ќе видите  видео клипови каде што луѓето излгуваат од своите автомобили и танцуваат на песната од Дрејк, со наслов “Во моите чувства” од неговиот последен албум “Скорпион”.

“Kiki” доаѓа од текстот на песната: “Кики, ме сакаш ли?” но, канадскиот рапер не е тој што го поттикна виралниот предизвик. Тоа го направи интернет-комичарот Шиги кој објави видео од него како танцува на улица, оттука и алтернативните имиња #ShiggyChallenge или #DoTheShiggy, остатокот од приказната е  “butterfly effect” ефект на пеперутка.

Меѓутоа, она што е интересно е дека видеото на Shiggy не вклучува било какво возило, возилото се појавува во видеото на  Odell Beckham Jr познат рагбист, кој се приклучи на предизвикот неколку дена подоцна со видео во кое може да се види како излегува од неговиот паркиран автомобил. Некаде на средина од оваа интернет сензација, автомобилите почнаа и да се движат.

Од друга страна, Вил Смит го однесе предизвикот на друго ниво (буквално) со танцување на мостот во Будимпешта, со цела видео продукција и видео направено со дрон.

 

Кога ќе го изведете на прав начин, #KikiChallenge ќе изгледа вака ….

Ако го направите погрешно, ке изгледа болно како ова….

 

Еве едно видео и од Индија

Каде може да постигнете со# KikiChallenge и каде може да ве одведе?
Во болнички кревет или зад решетки, во зависност од тоа што правите и каде се наоѓате. Полициските тимови во DelhiMumbaiBengaluru и UP  ги предупредуваат луѓето против овој тренд со духовити твитови. Додека пак полицијата од Џајпур, го предизвика проблемот со мрачен хумор.

Во Абу Даби се издадени налози за апсење на три познати личности од социјалните медиуми за кршење на три сообраќајни закони: возење на начин што ги загрозува животите на другите, предизвикувајќи пречки во сообраќајот и користење на мобилен телефон додека се вози. Јавното обвинителство на Абу Даби ги предупреди луѓето дека Кики  предизвикот е казнив со затвор, парична казна или и двете.

Во Дубаи полицијата предупреди против овој тренд, наведувајќи дека оние што го извршуваат предизвикот прават сериозни сообраќајни прекршоци. Опасното возење во градот вклучува парична казна од 2,000 дирхами околу 550 долари и 23 црни поени. Возилото од кое се снима  може да биде привремено задржано и до 60 дена. Во меѓувреме, Националниот одбор за безбедност во транспортот (NTSB) во САД напиша на твитер за да ги потсети луѓето дека предизвикот може да биде опасен. Шпанската полиција исто така е подготвена да поднесе обвиненија ако видат дека танцувате на сред  пат.

ПС: Кики, ме сакаш ли? Дали возиш? Кажи ми дека никогаш ама баш никогаш… нема да скокнеш од автомобил

Драган Вучиќ пред трендот #kikichallenge

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here