Уредите за подготовка на храна во кујната трошат значителен дел од потрошената електрична енергија во домот. Ви презентираме неколку совети кои можат да допринесат за заштеда:
Рингли
- Најштедливи се керамичките плочи со индукциони рингли.
- Класичните рингли трошат најмногу електрична енергија.
- Употребувајте садови кои одговараат на големина на ринглата.
- Пред да е зготвено јадењето, исклучете ја грејната плоча, која со акумулираната топлина ќе го доврши готвењето.
Рерна

- Доколку имате можност, набавете шпорет со вентилаторско печење (со врел воздух). Така печењето е побрзо и поефтино.
- Вратата на рерната отворајте ја само по потреба бидејќи при секое отворање се троши најмалку 20 % од топлината.
- Рерната исклучете ја 10 минути пред завршетокот на печењето, а создадената топлина ќе биде доволна за да се доврши печењето.
- Доколку рерната се одржува чиста, потрошувачката на електрична енергија се намалува.
Микробранова печка
- Идеална е за брзо одмрзнување на храната и погодна е за брзо готвење на храната. Со ова се овозможува помала потрошувачка на електрична енергија.
Експрес лонец и лонец со дебело дно
- Овозможува заштеда на енергија и до 70%, а овозможува и заштеда на време и квалитетна подготовка на храната.