Гумените сандали со ремче, какви во бивша Југославија произведуваше сплитска Југопластика, веројатно важат за едни од најпознатите летни обувки на овие простори.
Иако беа неизоставен дел од југословенските плажи, ретко кој во тие далечни времиња овие сандали ги сметаше за убави.
Но, таканаречените „трендсетери и трендсетерки“ моментално веројатно мислат дека нема поубави летни обувки. Погодувате, затоа што го носат потписот на Gucci со позлатен знак од модниот бренд.