Социјалната мрежа „Фејсбук“ наскоро ќе исклучи уште една од своите функции која особено „заживеа“ за време на глобалната пандемија. Имено, се работи за опцијата што им овозможуваше на корисниците да гледаат разни видеа заедно со своите пријатели. Оваа опција ќе се укине на 16 април.

Но, „Фејсбук“ им овозможува на корисниците да ги преземат претходно објавените заеднички видеа и коментарите до 15 април 2021 година.
Прилично сме сигурни дека баш ви е гајле за исклучувањето на оваа опција а па особено за превземање на претходно објавените видеа но за секој случај еве во продолжение туториал како да го направите тоа.
Како да ги преземете податоците? – За преземање на податоците се користи алатката „Download Your Information“, но податоците за списокот на прегледи, посетители, други статистички податоци и коментари на други корисници ќе останат недостапни.
Како да ги преземете податоците од групните видеа? – Во горниот десен агол, одберете „Setting & Privacy Settings“, па одделно „Settings“. Од левата стана ќе ви се појави опцијата „Your Facebook Information“, стиснете „View“ и додадете или отстранете категории по желба. Одберете „Create File“ за да го потврдите барањето.
По поднесувањето на барањето, преземањето се наоѓа во делот „Available Copies“ во „Download Your Information“.