Чувар куќа може да се користи за лечење на висока температура и грозница, против крварење во носот, за регулирање на крвниот притисок, за јакнење на метаболизмот и за детоксикација
Чувар куќа е зимзелена билка која расте меѓу 15 и 20 сантиметри и заради својата прилагодливост е распространета насекаде низ светот. За нејзината лековитост се знае уште од минатото, а тајната лежи во нејзиниот хемиски состав.

Чувар куќа содржи јаболкова киселина, мравја киселина, танини и калциум цитрат, кои имаат антисептички, противвоспалителни и диуретски својства. Иако најшироко е прифатена нејзината лековитост во случаите со инфекциите на ушите, сепак нејзината примена е многу поширока.
Чувар куќа може да се користи за лечење на висока температура и грозница, против крварење во носот, за регулирање на крвниот притисок, за јакнење на метаболизмот и за детоксикација.
Доколку се измеша со мед, тогаш се добива вистински рецепт за здравје. Мешавината може да се користи како лек за хемороиди, за тироидеа, за имунитет, за полипи, за болки во желудникот, за миоми на матката, за менструални болки, за цисти на дојката и за детоксикација на организмот.
Рецепт за подготвување на чувар куќа и мед

300 грама згмечени листови чувар куќа
750 грама ливадски мед
Еден лимон Една лажичка сода бикарбона
Лимонот се лупи и се става во вода во која има една лажичка сода бикарбона. Се остава да отстои еден час, па се сече на парчиња, се додаваат и листовите чувар куќа и се мелат заедно во блендер. Мешавината се цеди низ газа, а на сокот што ќе се добие му се додава медот и се меша со дрвена лажица. Мешавината се чува во фрижидер.
Еве уште еден сличен рецепт
Измијте го добро 180 г лист од чувар куќа и ставете во блендер или во машина за мелење месо.
Додадете 500 грама мед и мешајте додека да се соединат состојките – мешајте со дрвена или пластична лажица за да нема реакции со метал.

Ќе добиете вкусна смеса, но за да не е многу „тешка“ исцедете неколку лимони – по вкус (до 200 мл, а најдобро е со 2-3 лимони), додадете во смесата и уште еднаш промешајте.
Ќе добиете полутечна смеса. Складирајте во тегла, а теглата обвиткате ја со алуминиумска фолија.