Победата на Израел на Евросонг 2018 е загрозена откако една од најголемите светски музички компании се закани дека ќе ги тужи композиторите на израелската песна поради повреда на авторски права.
Компанијата „Universal Music Studios“ испрати писмо пред тужба до Дорон Медалие и Став Бегер кои заедно ја компонирале победничката песна на Нета, за која тврдат дека е копија на хитот “Seven Nation Army” од групата White Stripes од 2003 година.
Ако ова тврдење се докаже на суд, Израел би можел да биде дисквалификуван од Евровизија, како и да го изгуби правото да биде домаќин следната година.
Многумина забележаа дека двете песни се слични, но адвокатите на американската компанија тврдат дека сличностите во ритамот и хармонијата ги повредува авторските права.
Композиторот на песната ги потврди вестите дека се заканува тужба, така да денес ќе патува за САД за да го реши проблемот.
Сопствениците на американската компанија велат дека доколку се постигне договор, Европската радиодифузна унија може да каже дека песната не е оригинал и не е за натпревар.
Композиторите на песната изјавиле дека писмото ги изненадило, но веруваат дека ќе најдат решение.