После впечатливиот настап на Роса Фест и многубројните настапи околу празничните денови, Сузана и „Арт Студио продукција“ снимаа спот во Скопје.

Имено, се работи за темата „Опасна за око“, отпеана на „Роса фест 2017“ која се очекуваше да добие и видео запис, со оглед на тоа како беше веднаш прифатена од публиката.

Инаку, автор на музиката на „Опасна за око“ е Борче Димитров, стиховите ги напиша Орце Зафировски, додека аранжманот и продукцијата ги направил Дејан Момировски.

Гавазова песната на фолк фестивалот „Роса 2017“ ја изведе заедно со блех оркестарот на популарниот Џамбо Агушев, кој исто така учествува во самиот спот.

Наскоро се очекува и промоција на спотот.

Во продолжение погледнете ги фотографиите направено во текот на снимањето на видео записот и тизерот од новиот спот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here