Двојката за која зборува целиот регион, поради разликата од 53 години, од понеделникот стана дел од реалното шоу „Парови“.
За идиотскиот концепт на ова реално шоу воопшто нема да зборуваме.
Дваесет и едногодишната Милјана Богдановиќ и Милојко Божиќ (74), за учеството во шоуто ќе добиваат хонорар од 1.500 евра неделно.
Продукцијата мислела дека Милјана и Милојко ќе побараат многу повеќе па најверојатно затоа идниот брачен пар доби и уште една понуда која не се одбива.

Како што дознаваат порталите од соседството, доколку во текот на шоуто Милјана забремени, тие на подарок ќе добијат куќа. Тие се согласиле со тоа да имаат секс пред камерите и тоа често, затоа што живеат во многу скромни услови и куќата навистина им е потребна.

- Мажите во “Парови” се претежно млади. Тие немаат побелена коса и не носат очила. Значи, тие немаат шанса кај мене – изјавила Милјана, надоврзувајки се на темата секс.
- Се разбира дека ќе имаме секс, зошто да не? Би сакал да останам бремена и да родим бебе, дај боже. Ако не е во “Парови”, тогаш кога ќе излеземе.
- Навистина би сакала да им докажам на луѓето дека ова меѓу мене и Милојко е вистинска работа а не маркетинг трик како што сите зборуваат.
- Ние се сакаме и луѓето ќе го видат тоа. Едно е сигурно, во вилата нема да го изневерам Милојко, затоа што навистина не влегувам поради тоа, туку добро да се забавуваме пред се – рече Милјана Богдановиќ за Ало.
Топло ви препорачуваме да не го гледате овој идиотизам.
FOTO: S. KRSTIĆ / RAS SRBIJA
www.gossip.mk