музика и аранжман: Лазар Цветкоски, текст: Магдалена Цветкоска
„Посакував некоја награда, но не се надевав дека ќе биде првата. Им благодарам на публиката и на сите кои гласаа за мене, што ја препознаа мојата песна и емотивно им влезе во срце“, презадоволна беше Гиговска кога дозна дека е прва.
2 – ра награда Роберт Билбилов – ,,Чудни места”
музика и аранжман: Р. Билбилов, текст: Робин Зимбаков
3 – та награда на Фестивалот – Дани Димитровска – ,,Време”
музика и текст: Весна Малинова, аранжман: Кирил Бабамов
Награди од по 500 евра добија:
Награда за најдобар дебитант – Мина Блажев – ,,Во други души”
Награда за аранжаман – Роберт Билбилов – ,,Чудни места”
Награда за сценски настап – Пепа – ,,Доцна е”
Награда за најдобра интерпретација – Наташа Малинкова – ,,Милион Причини”
На 33. издание на Макфест учествуваа 32 изведувачи. Годинава Макфест беше спој на десетина млади пејачи, од кои најмлада беше 14-годишната Сара Гигова и неколку искусни изведувачи од калибарот на Ѓоко Танески и Џина Папас-Џокси.
„Никогаш не сум победил на Макфест, имам добиено неколку утешни награди, но јас музиката ја чувствувам како љубов која треба да се пренесува на младите“, рече Џокси пред да започне фестивалот.