8.8 C
Skopje
вторник, март 5, 2024
Home Gossip Шеснаесет медицински сестри од итната помош забремениле во исто време (ВИДЕО)

Шеснаесет медицински сестри од итната помош забремениле во исто време (ВИДЕО)

Во болницата во градот Меса , во американската држава Аризона , дури 16 медицински сестри , сите вработени во итната помош , се бремени.

На прес конференцијата медицинските сестри се пошегувале дека најверојатно тоа доаѓа од нешто во водата или дека заеднички испланирале да земат одмор за Божик. Првата сестра ќе се породи во септември ,а последната од групата од 16 има термин во јануари следната година.

Сестрите им се заблагодариле на своите колешки , кои не се бремени за разбирањето и за тоа што ги смениле при работата со заразни болни или други заболени пациенти , кои би било ризично бремените да ги негуваат.

Следната недела персоналот од болницата ќе одржи заедничка прослава за бебињата на сите колешки , пред да заминат на 12 неделното породилно отсуство .

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here