Легендата вели дека во пештерата на бунарот е родена пророчица, чиј татко бил самиот ѓавол.
На брегот на реката Нид, кај Нерсборо во Англија, има проколнат бунар чија вода претвора сè во камен.
Мештаните со векови веруваат дека бунарот е проколнат и велат дека тоа се гледа по ѕидот кој го окружува – а кој изгледа како голем череп.
Љубопитните авантуристи во бунарот често оставаат разни предмети – велосипеди, ланчиња, мечиња – кои навистина се скаменуваат.

Најстариот запис за овој бунар потекнува од 1538. година, кога се верувало дека водата од бунарот е лековита. Локалната легенда вели дека во пештерата била родена Урсула Саутхејл, позната како Мајка Шиптон, ќерка на локална проститутка. Девојката била многу грда, а се верувало дека нејзини татко е самиот ѓавол. Подоцна се зборувало дека таа имала натприродна моќ и дека ја предвидувала иднината. Наводно го предвидела поразот на шпанската армада во 1588. година, големиот пожар во Лондон во 1666. година и пронаоѓањето на телефонот.
Во 17. век бунарот станал туристичка атракција. Модерната наука вели дека водата има голема концентрација на минерали, кои создаваат обвивка околу предметите во водата. Како што претпоставувате, оваа вода не смее да се пие.
Чудо на природата: Се што ќе падне во овој бунар се претвора во камен!
Чудо на природата: Се што ќе падне во овој бунар се претвора во камен!
Gepostet von Gossip.mk am Donnerstag, 25. Oktober 2018