Ќерката на американскиот милијардер Бил Гејтс, која наскоро ќе дипломира на престижниот американски универзитет „Стенфорд“, како подарок за дипломата ќе добие ранч од 16 милиони долари на кој ќе може да тренира јавање.

 

 

 

Џенифер Гејтс по дипломирањето планира професионално да се посвети на натпреварите во јавање.Поради тоа нејзиниот татко се одлучи за ваков подарок и купи фарма со коњи во Норт Салем. Пред четири години Бил Гејтс потроши 18 милиони долари за ранч во Сан Диего.

Џенифер Гејтс е една од најталентираните јавачки помлади од 25 години. Таа ќе дипломира биологија и планира да продолжи со образованието во сферата на медицината.

Фото: инстаграм

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here