Израелката Нета Барзилај е победничка на 63-то издание на „Евросонг“,  кој се одржа завчеравечер во арената „Алтис“ во Лисабон, Португалија. Ова е четврта победа на Израел на евровизиските натпревари по оние во 1978, 1979 и 1998 година. Во напнатото гласање Нета Барзилај со песната „Toу“ или „Играчка“, со освоени вкупно 529 поени, го остави зад себе најголемиот ривал Кипар, со 436 поени.

Пред почетокот на „Евровизија“, таа важеше за речиси сигурен победник, но по динамичната изведба на Елени Фуреира во првото полуфинале, предвидувањата за победа се префрлија на страната на Кипар. Во финалето Израел заврши со подобар пласман и од жирито и од публиката. Од жирито, го освои третото место зад Австрија и Шведска, додека Кипар беше петти зад Германија. Поените од публиката беа во корист на Израел како првопласиран, и на Кипар како втор на табелата.

На прес-конференција, која се одржа веднаш по завршувањето на преносот, Нета, видно возбудена и среќна, зборуваше за имиџот поврзан со телесната тежина.
– Се славам себеси без оглед кој број облека носам, какви ми се косата или гласот. Морам да бидам своја и да се слушам одвнатре – рече Нета и им се заблагодари на сите што ја поддржувале, а особено на претставниците на ЛГБТ-заедницата и маргинализираните групи, без чија поддршка, не би била каде што е, ветувајќи дека секогаш ќе стои зад нив.
– Без нив, не би била ништо – без нивната енергија, флуид, среќа. За нив ќе настапувам до крајот на животот – изјави таа.

[easy-social-like facebook=”true” facebook_url=”https://www.facebook.com/gossip.mk/” facebook_follow=”true” facebook_follow_url=”https://www.facebook.com/gossip.mk/” twitter_follow=”true” twitter_follow_user=”Gossip_mkd” twitter_tweet=”true” skin=”metro” counters=0 align=”left”]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here