Инцидентот се случил на 23 октомври во 09:27 часот во соседството на Кервенсарај – Турција. Ученичката Хатиџе Ајдогду која има 8 години, чекала училишен автобус пред нејзиниот дом за да оди на училиште.

Од патот се појавиле  две кучиња, но само  помалото раса питбул  го нападнало девојчето кое почнало да бега, се сопнело и паднало на тротоарот.

Мајката  Синем Ајдогду која ја видела својата ќерка од прозор, веднаш истрчала да и помогне но и таа била нападната.

Нападот бил снимен од безбедносните камери во близина. Како што се гледа од снимката, нападот траел околу три минути а напомомош дошле и случајните минувачи и сопствениците на околните дуќани но кучето не се откажувало.

Мајаката и ќерката биле префрлени во болницата во Киршехир  каде докторите ги презеле сите мерки за да се санираат сериозните повреди.

На малото девојче му била направена операција на ногата и на главата но психичката состојба на мајката и керката воопшто не била добра, изјавиле докторите.

Полициските тимови го нашле кучето и го одзеле од сопственикот по што го предале во центарот за животни.

Еве ја и видео снимката која поради  крајно вознемирувачката содржина е прекриена и сами треба да одлучите дали  да ја погледнете.

Видео од фејсбук:

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here