Вистинско невреме проследено со силен ветер и бура синоќа го погоди и предизвика хаос на грчкиот полуостров Халкидики.
За жал шест лица, двајца државјани на Русија, двајца од Чешка и двајца од Романија ги загубија животите, меѓу кои и две деца. Исто така 23 се повредени и хоспитализирани во болници на Халкидики и во Солун, од кои една 72-годишна жена е на интензивна нега во болницата „Папаниколау”. За жал таа е во критична состојба.
Исто така еден граѓанин е исчезнат во морскиот дел на Каликратиа и во тек е акција со сите средства на крајбрежната служба за негово пронаоѓање, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот вонреден брифинг со новинарите за ситуацијата во северниот дел на земјата.
Погледнете како изгледа оваа позната и популарна туристичка дестинација по силното невреме.