Главната уредничка  на Радио Кавадарци, Трајанка Ѓорчева Митрова преку Фејсбук кажа дека песните на Тамара Тодевска ненамерно се избришани од архивата на радиото.

-Сите песни што ги испеала Тамара Тодевска ненамерно се избришаа од архивата од Радио Кавадарци. Затоа им се извинуваме на нејзините фанови доколку се уште ги има, што поради оваа ненамерна грешка нема да бидат емитувани на програмата на Радио Кавадарци, напиша Митрова.

Ваквата реакција на главната уредничка  на Радио Кавадарци е поврзана со вчерашниот скандалот со изведбата на Тамара Тодевска на македонската химна и по нејзиното извинување утрово за ненамерната грешка при изведбата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here