Френки Муниз е актер кој е препознатлив по главната улога во серијата “Malcolm in the Middle” која се емитуваше од 2000 до 2006 година. Меѓутоа, по снимањето на серијата актерот претрпел два мозочни удари и не се сеќава дека некогаш го толкувал ликот на Малколм.

Муниз во 2005 година потпишал двегодишен договор со Џенсен Моторспорт како возач во трки. Успешно се занимавал со оваа кариера паралелно со актерството, но набрзо почнал да доживува сериозни здравствени проблеми.

Поради проблемите, тој ги ставил трките на пауза, а во 2009 година доживеал несреќа во која го скршил ‘рбетот и имал многу повреди на ребрата и рацете. Во 2012 година, Френки претрпел мал мозочен удар, а речиси по една година доживеал и втор.

“Мислам дека разговараме за моите повреди секој ден, бидејќи имам тело на старец. Имам 31 година, а моето тело изгледа како да имам 71 година”, изјавил актерот.

Тој исто така зборувал за последиците кои ги оставиле овие повреди.

“Поради сето тоа не се сеќавам дека некогаш сум го глумел Малколм. Некогаш ми е жал поради тоа и кога ќе ја погледнам серијата, имам чувство како да не сум ја снимал јас. Имам чувство дека би требало да се сеќавам на многу работи, но не се сеќавам на ништо”, додал тој.

Неговата девојка Пејџ пишува дневник за да го потсетува актерот на некои работи доколку неговото сеќавање потполно исчезне.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here