Жител на Којково – кратовоско загина кога неговото возило се придвижило кон него и го удрило.
На 06.05.2018 година околу 20,00 часот било пријавено дека во село Којково- кратовско Стојан.С.(51) починал откако бил прегазен од возило “Застава 750“. Според пријавата, тој бил на гости кај Б.И. од истото село, тргнал да си оди и влегол во своето патничко моторно возило “Застава 750“, го стартувал, но веднаш излегол од возилото и тргнал кон куќата на Б.И. Во тој момент, возилото се придвижило во правецот на С.С., го удрило, при што тој починал на местото на настанот. Полицијата изврши увид на лице место.
Ќерката на починатиот на фејсбук напиша проштална порака:
” ..Болката гуши, лесна ти земја тато..
Почивај во мир, камо да можев да те гушнам за последен пат.
Од секогаш ми фалеше твојата прегратка, но од сега недостигот по тебе со мене в гроб ќе оди, се додека сум жива…Умирам.
Твоето место никој никогаш, никогаш нема за го замени.”
Извор:мвр, фејсбук