Вечерва е концертот на светски познатиот музичар Лени Кравиц. Тој пристигна во нашата земја, два дена порано пред долгонајавуваниот концерт закажан во ВИП арената „Борис Трајковски“.
Американскиот пејач, автор, актер и продуцент на изненадување на неговите фанови прошета низ Старата скопска чаршија, се фотографираше, делеше автограми, пееше со деца.
Скопје, Македонија. Стара чаршија. Прекрасен ден и средба со убави луѓе. #heretolove – напиша тој и го сподели видеото од Скопје.
Од големиот број хитови на Лени ние одбравме да се потсетиме на оваа песна: