Повеќе млади жени се обратиле во полиција откако од непознат телефонски број има стигнала сликовна порака на која се гледал пенис од анонимен маж.

Натамошната истрага покажала дека сликите со ваква содржина им ги испраќал портирот од зградата во која живеел.

Три станарки на луксузна зграда во Њујорк, пријавиле во полиција дека примиле фотографии од непознат број. Како што подоцна е утврдено, спорната содржина ја исрпаќал портирот од зградата во која живееле.

Како што изјави една од нив, Кристина, тој по сликата од пенисот и нејзиното прашање кој е тоа, продолжил да и пишува дека е поинтерсно да си играат погодување.

„И рекол, ти си Кристина, ако јас ти кажам кој сум ќе се откажеш. Вознемирена од тие зборои, му напишала дека баш и не е нормално по сликата од пенисот да се обидат да водат нормална конверзација“, рече таа, додавајќи дека не се сомневала во портирот се додека уште една девојка од зградата не и се пожалила за спорните слики.

Трет примач успеал да го наведе манијакот да му испрати и слики од градите, на кои му стоела тетоважа. После тоа, таа отишла кај портирот и го прашала кој се има пристап до нивните телефонски броеви.

„Му ја покажав сликата, рече дека ја препознава соблекувалната, и дека во аголот е пакет со нови униформи“, рече таа.

После тоа, сите три жени отишле до портирот за кој се сомневале дека им ги праќал сликите и го соочиле со фотографиите. Исто така ја известиле и полицијата, но тие не можеле да докажат дека момчето ги испраќало пораките зошто тие стигнувале преку шифрирани апликации, но и дека неговото злосторство сепак не е престап.

Но портирот е отпуштен уште истиот ден.

Извор:mogaznews

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here