Суд во Њујорк му забрани на Доналд Трамп да блокира корисници на Твитер, само врз основа на нивните политички убедувања.

Судијката Наоми Рајс Бухвалд од Менхетн кажа дека блокирањето на пристапот кон Твитер профилот на Трамп значи кршење на правото на слобода на говор.

Судскиот процес беше покренат од еден институт од универзитетот Колумбија во име на седуммина корисници на Твитер, кои биле блокирани поради критикување или исмевање на Трамп онлајн. Белата куќа не даде коментар за оваа одлука.

„Платформите на социјалните мрежи се квалификуваат како јавни форуми достапни за сите граѓани на САД. Овој процес разгледуваше дали јавен службеник смее да блокира некого на Твитер само поради политичките ставови што ги изнесол и дали ова се разликува ако тој јавен службеник е претседателот на САД. Одговор на двете прашање е ‘не‘“, појасни судијката Рајс Бухвалд.

Таа го одби аргументот на адвокатите на Трамп дека Првиот амандман не важи во овој случај.

Скоро сите политичари во Македонија имаат профили на социјалните мрежи и скоро сите имаат “вработени” или самите  бришат коментари и блокираат профили.

Дека ситуацијата е вистинита можете и сами да проверите, само отворете некој профил на политичар и читајте коментари, нема да најдете ниту еден лош коментар. Исто така можете и да напишете некој лош коментар и да мерите време за колку време ќе го снема.

Она што го снајде Доналд Трамп би требало да ги снајде и нашите политичари, мали се шансите но сепак постојат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here