Фотографијата на Максимилијан Нојбауер од американската сојузна држава Висконсин, кој со помош на посебен систем ја доеше својата новородена ќерка, ги стопли срцата на сите луѓе ширум светот.

Максимилијан и неговата сопруга Ејприл минатата седмица станале родители, но поради компликации во бременоста и за време на породувањето на Ејприл веднаш после раѓањето на бебето беше префрлена на интензивна нега.

Со оглед на тоа дека и покрај тоа што имала силна желба да дои не била во можност да го дои бебето после породувањето, медицинските сестри одлучиле да ѝ ја исполнат таа желба и направиле посебен систем за доење.

“Медицинските сестри ми предложија да пробаме да ја доиме Росалија со помош на вештачки брадавици. Ги прицврстија на моите брадавици и ги споија со цевка од каде течеше млекото. Ниту во најлудиот сон не можев да замислам дека еден ден ќе го дојам моето сопствено дете, но драго ми е што го направив тоа. Тој момент кога ми ја донесоа и ставија  на гради не може да се опише, едноставно не можев да ги задржам солзите… Тоа беше љубов на прв поглед. Нешто магично”, рекол Максимилијан.

Медицинските сестри беа воодушевени со неговиот потег и откриле дека тој е првиот маж кој се согласил на лажно доење.

“Росалија Лупита Валентина е нашето чудо, а нема ништо поубаво од ова што мојот сопруг го направи за неа”, рекла Ејприл. Поради овој потег и фотографија која ја објави на социјалните мрежи, Максимилијан стана светска ѕвезда.

Извор: mom.me , точка.мк, инстаграм,

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here