Тијана за својот роденден на обожавателите им подари песна, која е дел од речиси сечија животна приказна. Безмалку секој од нас го минал тој дел на патот низ животот. Преслушајте ја и можеби ќе се пронајдете и вие себеси. Зашто не сте единствени, што го минале патот од обожавање до презир, од виорот на восхит до вртлогот на немир…

„Среќен да ми е роденденот“.  Наместо торта – нова песна од истите автори кои ја направија „Ресет“, зашто екипата што создава магија, не треба да се менува. Музиката и текстот ги направи Александар Делиќ – Динге, а Махир Сарихоџиќ го спакува сетоа ова во една прекраснотија“ – напиша Tијана на својот Инстаграм профил повикувајќи ги своите фанови да ја преслушаат песната на најзиниот Јутјуб канал и да дадат свое мислење.

 

Слушнете ја „Презир“ и погледнете го видеото. Можеби ќе ви се пристори дека сте се погледнале во огледалото на својот живот!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here