Според членот 178 од Кривичниот законик тој што „со исмејување намерно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна ќе се казни со затвор од 3 месеци до 3 години”.

Македонската поп пејачка Тамара Тодевска може да добие казна затвор од три месеци до три години поради нарушување на честа и угледот на Република Македонија и државните симболи.

Тамара испеа своја верзија на македонската химна на приемот во Амбасадата на САД во Скопје по повод 4 Јули, Денот на независноста. Годинашната евровизиска претставничка испушти да испее четири стихови од официјалната државна химна а додаде четири стихови.

Тодевска синоќа го испушти делот со „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“ по „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република!“, а во нејзината изведба го немаше ниту делот „Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници!“, пред „Македонија слободна, слободно живее!“.

Место тоа, Тодевска испеа „Старо младо машко и женско, на нозе се кренало!“ и „Не плачи Македонијо мајко мила, Крени глава гордо високо“, стихови од оригинална верзија на химната испеана од Васка Илиева, Никола Бадев и Александар Сариевски .

Веста релативно доцна се прошири бидејки не функционираа Фејсбук и инстаграм по што одекнаа силни рекации на социјалните мрежи.

Утрово Тамара се извини на социјалната мрежа Фејсбук за пропустот при изведувањето на химната:

Почитувани,

Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка.
Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД. 
Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната.
Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната.
Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите.
Со почит, Тамара

„Нашата ѕвезда се извини на ‘Фејсбук’, амбасадата исто. Тоа е пропуст. Химната се пее секој ден и секаде. Тоа потврдува дека е ненамерна грешка“, рече Заев.

„Обединетите американски држави имаат длабока почит за традициите,
историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник –
Северна Македонија. Благодарност до нашите пријатели и колеги што
синоќа ја прославија нашата независност заедно со нас. Разбираме дека
грешки можат ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им
благодариме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, велат од
Амбасадата на САД.

www.gossip.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here