Најновиот видеоспот и песна на Сузана Гавазова се снимени заедно со групата „Балкан бенд“ под наслов „Камикази“, во чии сцени македонската фолк сирена покрај вокалните, во изобилство ги покажува и своите раскошни и бујни, телесни квалитети!

– Спотот се снимаше неколку дена, на повеќе локации низ Македонија, но најинтересните сцени се дефинитивно од Охрид, бидејќи снимавме сцени кои не само нас, туку и комплетно нашата музичка индустрија ќе ја доближат до она што го работат нашите балкански колеги. Зборуваме за квалитетот на песна и спотот. Се посветивме максимално. Месеци поминаа од почетокот на овој проект, велат момците од „Балкан Бенд“.

Јахта, езеро, убави девојки, неверојатна трансформација на нашата фолк дива Сузе, која по малата пауза, токму со овој иден хит на голема врата и се враќа на музиката со момците кои рушат рекорди и бариери на музичката сцена кај нас.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here