Стаорец кој се вовлекол во банкомат во индиската држава Асам, изел повеќе од 1.2 милиони рупии (18.000 долари), соопшти полицијата.

Необичниот случај е откриен кога клиентите се пожалиле дека банкоматот не работи и не исфрла пари.

Надзорникот на полицијата во градот Тинсуки кажал дека кога техничарите стигнале на 11 јуни, како би го направиле расипаниот банкомат на државната банка во Индија која не работел од 20 мај, во неа нашле мртов глушец и изџвакани банкноти во вредност од приближно 18.000 долари.

Глушецот влегов во банкоматот низ малата дупка за кабли, пренесува АП. Вработените во банката кажаа дека поради ова е наредена истрага а полицијата не пронашла траги од “кривично дело или завера“.

https://www.youtube.com/watch?v=K9MQEM0PCVg

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here