Ремек делата на познатите сликари се навистина многу стари. Низ текот на годините тие се оштетуваат и избледуваат, тоа е поради несоодветното чување, поради слабата заштита и ред други причини. Некои слики и покрај добрата заштита и доброто чување сепак имаат многу гребнатини и оштетувања а некои дури им фалат цели парчиња.
Поради ова неопходно е освежување и реставрирање на уметничките слики . Ова е комплициран и специфичен процес, кој доколку не се изврши внимателно и како што треба, може да има лоши последици по сликата – дури и најмал детал да се погреши ќе доведе до уништување на вредната слика.
Овој процес вклучувала ретуширање, структурална работа, повторно лакирање и бројни други конзервациски техники за сликата пак да се врати во живот.
Погледнете како изгледа процесот на реставрација со која сликите стари и по стотици години да изгледаат како вчера насликани:
Специјалисти за реставрацијата ги враќаат сликите во нивниот оригинален сјај 🙂 https://www.mkd.gossip.mk/%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B3%D0%B8-%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%9C/
Gepostet von Gossip.mk am Donnerstag, 21. Juni 2018
Сликата „Еверхард Јабаш и неговото семејство“, насликана од Чарлс Ле Брум, билa комплетирана во 1660 година. Денес, 358 години подоцна, сликата е закачена на ѕид во Metropolitan Museum of Art во Њујорк и изгледа како вчера да е насликана.
Овој семеен портрет стар 355 години бил покриен со слаба заштита, многу гребнатини и оштетувања со кои сликата практично била преполовена. Во видеото во продолжение погледнете ја 10-месечната макотрпна реставрација на оваа слика.