Не сите имаат совршен тен на кожата, сите ние помалку или повеќе користиме бројни препарати со кои можеме да ги прикриете евентуалните недостатоци на кожата.
Но, не заборавајте дека постојат и многу природни производи кои допринесуваат за убав изглед на вашата кожа и го изедначуваат тенот. Секако за тоа се најмногу заслужни овошјето и зеленчукот, особено оние со интензивни бои, од кои се издвојуваат морковот и сливата, а токму овие овошја му даваат потемна боја на тенот.
Мороковот е најделотворен кога станува збор на убав тен. Тој е богат со бета-каротин и витамин А, кои го поттикнуваат создавањето на меланинот кој влијае на потемнувањето на кожата.
Бета каротинот е широко распространет растителен пигмент, кој не се наоѓа само во моровот, туку го има во многу видови овошје и зеленчук во сите нијанси на жолта и портокалова, па сé до темно зелена боја (јаболко, диња, круша, спанаќ).
Бета каротинот се нарекува и „природен чадор за сонце“

Бета каротинот е еден од најпознатите антиоксиданси и исклучиво се наоѓа во растенијата. Тој се нарекува и „природен чадор за сонце“, бидејќи ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат при сончањето.
Голем број студии покажале дека бета каротинот заштитува од акутни и хронични кожни оштетувања, предизвикани од изложеност на сонце. Бета каротинот, според истражувањата, го намалува оштетувањето на ДНК молекулите, па на тој начин го спречува и развојот на дегенеративните болести.
Направете си пијалак на база на моркови и добијте совршен тен!

Исечете на ситни парчиња еден килограм моркови, четири излупени портокали и 1 китка копар.
Сето тоа ставете го во соковник за да добиете густ сок. Во сокот ставете малку мелени бадеми и послужете го во чаши со коцки мраз.
Со овој сок кој е чудотворен, лесно ќе го постигнете посакуваниот бронзен тен. Овој микс е концентрат на каротин кој го стимулира производството на меланин и ја штити кожата од предвремено стареење.
Морковот може да го комбинирате и со многу видови овошје и зеленчук кои ги спомнавме погоре или секако комбинација по ваша желба каде што морковот ќе биде главната состојка.
Пијалокот може да се користи во текот на цела година а доколку сакате да го испробате за на плажа почнете да го консумирате една недела пред да заминете на одмор. Се разбира за секој случај корисете ги и веќе испробаните креми за сончање или Направете домашно масло за сончање а рецептот во продолжение.

Овој рецепт се појавил во времето кога на пазарот не постоеле продукти за заштита од сончевите УВ зраци, а на луѓето им била потребна заштита.
Потребни состојки:
- неколку моркови
- неколку млади зелени ореви
- неколку цветови лаванда
- жалфија
- маслиново масло
Во мала тегла ставете неколку изрендани моркови, неколку исечкани млади зелени ореви, неколку цветови од лаванда, а можете да додадете и жалфија. Околу 60-70% од теглата наполнете ја со овие работи, а потоа теглата до врв наполнете ја со маслиново масло. Теглата ставете ја на сонце да отстои 20-25 дена и секојдневно протресувајте ја. Откако ќе пројдат дваесетина дена, течноста исцедете ја низ неколку слоеви газа.
Маслиновото масло има природен заштитен фактор 2, што е занемарлива заштита за денешното зрачење на сонцето, но поголем фактор имаат морковите и оревите, па одлично се надополнуваат, а покрај тоа ова масло ја негува кожата.
Морковите се богати со бета-каротен и витамин А и се користат во сите модерни препарати за заштита при сончање, бидејќи ја обновуваат кожата и го успоруваат нејзиното стареење, а истовремено го забрзуваат потемнувањето.
Лавандата и жалфијата исто така се одлични за негување на кожата, делуваат противвоспалително на акни, изгореници, рани, а жалфијата дополнително го намалува и целулитот. Покрај овие предности, тие на маслото му даваат и прекрасен мирис.