Песната носи наслов „Јас имам некој“ а според текстот посветена е на неговата сопруга Сања Николиќ со која се во брак пет години. Песната е направена за потребите на музичкиот серијал “Дајте Музика”
Слаткар за новата нумера сними и селфи-спот, нешто што во последно време е тренд на светската сцена.
Исто така има и видео од неговото гостување во детскиот музички серијал “Дајте Музика” кој беше актуелен пред околу 25 години а пред некое време се снимаа нови триесет епизоди и почнаа да се прикажуваат на МТВ.
Автори на серијалот се Лазар и Цаци Паковски, најголем дел од протагонистите во серијалот се од актерската школа на Весна Петрушевска, која е инструктор по актерска игра во проектот. Серијалот е во режија на Лазар Паковски и Владимир Митревски.