За помалку од еден ден новиот спот на поп пејачката Дина Шабани од Скопје го виделе над 150.000 гледачи, на интернет каналот Јутјуб. Видеото кое што го привлече интересот на јавноста е за песната ,,Мамасита’’, а скопјанката во него се појавува во провокативно издание.

Веќе добила понуди за настапи од клубови од регионот, но и покани за интервјуа од медиуми од соседството.

-Се изненадив од реакциите на јавноста по објавувањето на мојот нов спот. За мене тоа е знак дека на балканскиот народ му е смачено од тешки теми и политика, и луѓето сакаат да гледаат и слушаат убави нешта.  Драго ми е што ,,Мамасита’’ се избори со денешните политички теми и преовладуваше над нив, гледаноста на спотот е навистина голема, што ме мотивира и во блиска иднина да понудам нешто ново, во сличен стил – вели Шабани.

Која е Дина Шабани?

Дина е млада, згодна, сексапилна, провокативна, пожелна… Има се’ што треба да има една голема поп ѕведа, барем кога се физичките предиспозиции во прашање. Веројатно и недостасуваат само повеќе хитови и добар менаџмент, за светот да ја добие новата Рита Ора токму од Македонија!?

До сега пеела само на албански, но нема против да запее и на македонски и англиски, особено она што најмногу и лежи како стил – ар ен би и хип-хоп!

Дина е дете од мешовит брак, од македонско-албанско потекло и за себе вели дека го собрала од двете страни најдоброто.

Инаку младата поп ѕвезда Дина Шабани е заштитно лице на новата крипто валута Балканиум, чиј таргет се земјите од Балканот. Од 1 септември балканиум ке биде пуштена во оптек. Целта на оваа крипто валута е да се олсени начинот на плаќање на поединци како и на фирмите.

Ова е трет спот на атрактивната пејачка. Таа е родена и живее во Скопје.

https://www.youtube.com/watch?v=SIgGj9ZnfC4

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here