Познатиот фолк пејач Синан Сакиќ почина денес по тешката борба со болеста јавуваат српските медиуми
Пејачот Синан Сакиќ (62) почина денес по тешката борба со болеста. Тој беше еден од најпознатите фолк пејачи во Југославија. Роден е на 13 октомври 1953 година. Има објавено 29 албуми на кои се наоѓаат многу песни кои беа големи хитови во цела поранешна Југославија, од Вардар до Триглав.
Познатиот пејач во болница беше примен на 27 април, а по прегледот востановено е дека му е потребна трансплантација на црниот дроб. Минатата година му беа вградени стентови во жолчните канали, но докторите по операцијата востановиле дека тоа не е трајно решение и дека му е потребна трансплантација на црниот дроб.

-Се што вредеше го снема…Ангел мој единствен.. Никој никогаш не сум сакала и нема да сакам толку колку што те сакав тебе. Благодарам што сум твоја ќерка, благодарам што си ми татко! Јас од тебе не се опростувам, јас само со тебе започнувам некој нов вид на комуникација. Благодарам што имав најдобар детски живот. Благодарам што ме научи да сакам, ќе бидам горда на нас…, стои во трогателната порака на неговата ќерка објавена на социјалните мрежи заедно со
Кој беше Синан Сакиќ
Синан Сакиќ е пејач со ромско потекло роден на 13 октомври во Лозница. Кариерата ја започна со песните „Растанак крај реке“ и „Срели смо се многу касно“ во 1978 година, а до 2017 има издадено 29 албуми. Негови најголеми хитови се „Еј од кад сам се родио“, „Судбина ме на пут шаље“, „Заљубен у тебе“, „Изаџи на пет минута“, „Реци све жеље“ и уште многу други песни. На крајот од животот призна дека вискито и комарот му го имаат упропастено животот а за да издржи концерт, му треба и нешто дрога.