Многу луѓе поради жештините на летото го губат својот апетит и тоа влијае негативно на нивната благосостојба во текот на денот. Сепак, постојат некои производи кои вредат да се користат за време на жешкиот ден. Основното правило е да се пие многу вода, за да се спречи дехидратација на телото. Треба да се јаде лесна храна.

Ова се производите кои дефинитивно треба да бидат вклучени во вашата секојдневна исхрана за време на високите температури.

Салати

Салата е храна што дефинитивно мора да се јаде за време на топлото време. Секако не зборуваме за тешка салата со пет лажици мајонез, туку за лесна верзија, ароматизирана со мала количина маслиново масло. Салата е пожелно да содржи краставици, зелена салата и целер, бидејќи содржат 95% вода. Многу вода, исто така, се содржи во тиквичките и јагодите. Со користењето на овие производи за време на топлото време секој ден, ќе го компензирате дневниот внес на чиста вода.

Лубеница

Лубеницата е многу корисна бидејќи е богата со хранливи материи. Богата е со витамин Ц, хидратизира и делува против запек. Лубеницата ја содржи состојката, ликопен, која може да ве заштити од штетните ефекти на сонцето. Ликопенот како пигмент се содржи исто така во доматите и грејпфрутот. Во жештините треба да се јадат повеќе овошје и зеленчук, тоа ќе придонесе за нормализирање на вашата тежина, а исто така ќе го снабдите вашето тело со потребните витамини и минерали.

Топол чај

Тоа можеби ви звучи чудно, бидејќи за време на високире температури ни се пие нешто студено, но топлите пијалоци не се бескорисни и не се штетни во топлото време. Фактот дека топлиот чај помага за регулирање на телесната температура и ја обезбедува правилната распределба на потта, придонесува за нормализирање на топлотниот биланс и телесната температура.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here