Се ожени актерот Двејн Џонсон

Двејн Џонсон во неделата се ожени со долгогодишната девојка Лорен Хајшијан, пренесуваат американските медиуми.

Двојката го кажа судбоносно „да“ во родното место на актерот, на Хаваи, а тој денес ја сподели среќна вест со фановите на Инстаграм.

„Кажавме да“-пишува во описот на фотографиите од венчавката.

Неговата сакана носеше долг бел фустан од тантела, а Двејн доминираше во бела кошула.

Инаку, Џонсон веќе беше во брак со Дани Гарсија и ја има ќерката Симон, која има 18 години, додека неговата нова сопруга има две ќерки, Тиана и Јасмин.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here