Во кратовското село Куклица вчера се одржа манифестација „Шопска свадба“. Членови на културно-уметнички друштва од Куманово и Кратово со сценска адаптација ја презентираа традиционалната Шопска свадба.

Младенците и сватовите се играорци од кулутрно-уметничкита друштва од двете општини кои го оживеаја свадбениот обичај симболично на локалитетот Камени Kукли, познат како Весела скаменета свадба, со 150 камени кукли.

 

Организатор на настанот е Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно ризница“ од Куманово.

– На свадбената церемонија се изведуваат автентични обичаи, карактеристични за свадбите од шопскиот крај.

Невестата да пристигне со коњ, а младоженецот тазе избричен од другарите и накитен со пари ја побарува за жена од мајка ѝ, се главните обичаи на традиционалната Шопска свадба. Правило е младенците да не се постари од 35 години и ова да им е прв брак.

“Свадбата се прави по завршувањето на жетвените и полски работи. Учениците ја донесуваат радосната вест дека доаѓаат со невеста и ја даруваат со многу дарови што на други места како традиција ја нема.” изјави Драган Митевски претседател на Здружението „Етно ризница“ од Куманово.

Александар Петров и Даниела Ангеловска

Пред две години, на Шопска свадба во вистински брак стапија Александар Петров од Неготино и Даниела Ангеловска која потекнува токму од селото Куклица. Кум беше амбасадорот на Полска во Македонија Јацек Мултановски. Оваа година кума е пејачката Благица Павловска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here