Карл Лагерфелд – човекот кој го направи Париз престолнина на светската мода почина денеска во 85. година од животот.

Дизајнерот кој во една прилика изјави дека „мразам интелектуални разговори со интелектуалци затоа што ми е гајле само за моето мислење“, ќе остане запаметен како контроверзен и неверојатно успешен во својата бранша.

Најпознат како креативен директор на Шанел, Лагерфелд и самиот стана бренд благодарение на неговата мачка Шопет, често непромислените забелешки и оригиналниот изглед.

Извори блиски до модната куќа Шанел ја потврдија смртта на нивниот уметнички директор, но нема детали за причините.

Веста е потврдена и на неговата веб страна, каде колегите од неговиот тим изразуваат длабоко жалење и тага.

85-годишниот дизајнер починал во Париз после неколкунеделна болест. Во дел од медиумите се вели дека тој во понеделникот итно бил пренесен во болница во Париз, каде и ги поминал последните часови.

Инаку, Легерфелд ги пропушти последните две ревии, што поттикна шпекулации за неговата влошена здравствена состојба, но неговиот ПР тогаш се огласи со информацијата дека дизајнерот едноставно се чувствувал изморен.

Наскоро се очекуваат повеќе информации.

Роден е како Карл Ото Лагерфелдт во 1933 година во предвоена Германија. Своето оригинално презиме Лагерфелдт го променил во Лагерфелд, бидејќи верувал дека така звучи “покомерцијално”.

Тој емигрирал во Париз како тинејџер и стана асистент за дизајн на Пјер Балман, пред да се вработи во Фенди и Клои во 1960-тите.

Во 1983 година ја започнува својата долга кариера во Шанел, една деценија по смртта на Коко Шанел.

Следната година, тој лансира своја позната линија.

Лагерфелд станува уште попознат по својот карактеристичен изглед во неговите подоцнежни години, редовно носејќи темни костуми, опавче и темни очила за сонце.

За својот изглед тој изјави: Јас сум како карикатура од самиот себе и тоа ми се допаѓа тоа”

gossip.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here