Модниот свет денес се збогува со Кејт Спејд. Познатата дизајнерка си го одзеде животот на 55-годишна возраст.
Според информации до кои дојдоа странските медиуми, Спејд се обеси во својот апартман во Њујорк. Таа беше пронајдена мртва од нејзината помошничка околу 10 часот утринава.
Дизајнерката оставила и порака пред да почине, но полицијата ќе спроведе истрага и аутопсија на телото за да ја утврди точната причина за смртта, a семејството пак, вели дека не е изненадно, со оглед на тоа што таа долго се борела со ментални проблеми, но се плашела да побара помош.
По веста за нејзината смрт, компанијата која ја основала, познати личности, како и нејзините фанови се збогуваа со неа на социјалните мрежи.
— kate spade new york (@katespadeny) June 5, 2018
Кејт и нејзиниот сопруг Енди го основаа брендот Kate Spade New York во 1993 година. Нивниот фокус најпрво беше ставен на чанти, а подоцна започнаа да креираат и облека и други модни додатоци.За својот придонес во модната индустрија, Спејд два пати беше наградена од Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA). Во еден момент, брендот имаше повеќе од 140 малопродажни продавници во САД и 175 низ светот.
Пред две години, Кејт повторно се обиде да се врати во модниот свет, создавајќи го брендот Frances Valentine, кој го доби името по нејзината 13-годишна ќерка Франсис.
Во продолжение погледнете дел од нејзините креативни дизајни на чанти и облека.