Човек во средни години си го одзел животот денес на пладне фрлајки се од мостот во скопската населба Маџир Маало, дознава gossip.mk од очевидци.

На лице место веднаш се појвила полицијата која констатирала смрт и ги повикала соодветните служби и продолжиле понатамошна истрага на случајот.

Од полицијата го потврдуваат настанот и велат дека најверојатно се работи за самоубиство но детали ке селдуваат подоцна во официјални соопштенија од мвр.

Во последниве 24 часа, ова е второ самоубиство во Скопје. Вчера претпладнето околу 11 часот, маж на возраст од 56 години си го одзеде животот скокајќи од 5. кат во скопската населба Карпош 4, пренесоа медиумите.

Обновено:
Бугарскиот државјанин Георги Б.Д. (65) е починатиот маж пронајден утрово под железничкиот мост во Скопје, дознава 24 Инфо.

Видео и слики pressing.tv

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here