Археолози во една спална соба од античка Помпеја откриле фреска на која е прикажана еротска сцена помеѓу врховниот римски бог Јупитер, преправен како лебед и легендарната кралица на Спарта, Леда од грчката митологија, пренесува порталот енаука.
Ликот на Леда кој е претставен како во прегратките го држи богот Јупитер, преправен како лебед е честа тематска декорација во куќите на Помпеја и во околните градови кои биле уништени од ерупција на вулканот Везув во 79 година од новата ера.
Митолошката сцена на односот меѓу Леда и лебедот со векови ги инспирира уметниците. Експертите веруваат дека фреската го красела ѕидот на спалната соба на побогато семејство, кое живеело блиску до центарот на античкиот град Помпеја.
#Pompeii. The myth of Leda and the Swan depicted in a fresco, which was discovered during stabilisation and re-profiling works on the excavation fronts. More info: https://t.co/Q8THRo6jEI pic.twitter.com/W1nNSbySxx
— Pompeii Sites (@pompeii_sites) November 19, 2018
Многу уметници од ренесансната Италија во своите дела го имаат прикажано заведувањето на Леда. Затоа, оваа сцена им претставувала посебна инспирација на Леонардо да Винчи, Микеланџело, Тинторето и на многу други уметници од тоа време.
Посебноста на новопронајдената фреска, директорот на наоѓалиштето во Помпеја, Масимо Осана ја гледа во тоа што Леда е насликана така што изгледа како да гледа директно во оној кој влегува во спалната соба.
На оваа фреска е прикажана Леда како го штити лебедот од оној кој влегува во собата.
Фреската, чии бои се добро сочувани е откриена во петокот при санирање на наоѓалиштето кои во последните години се настанати од дождови.