Нутела со марихуана

 

Во САД направија комбинација од два производи познати по тоа што релативно лесно предизвикуваат зависност. Најновиот производ беше регистриран како трговска маркаNugtella и бил забележан од страна на корисниците на Reddit. Производот го комбинира името Nug (висококвалитетна марихуана на жаргон) и името на познатиот бренд Нутела.  Американскиот производ, се разбира, нема никаква врска со Ferrero, производителот на Nutella. Тој се произведува од медицинска марихуана и се продава само со соодветна дозвола. Во Калифорнија употребата на марихуана за медицински потреби е дозволена. Зошто на производителот му требало да ги комбинира токму овие два производа останува неизвесно. Корисниците на Reddit сепак реагираа негативно. „Немаме потреба од тоа Nutella да предизвикува уште поголема зависност,“пишува еден од корисниците на порталот.

 

Лубрикант со марихуана

 

На американскиот пазар се појавил во продажба лубрикант со марихуана. Произведувачите тврдат дека тој помага и кај силните менструални болки.

Откако во Калифорнија беше легализирана марихуаната, таа стана и состојка во производство на лубрикант.

За овој конкретен производ се тврди дека го зголемува сексуалното задоволство кај жените.

Овој производ на пазарот го пласираше компанијата „Foria“, со цел да го докаже позитивното дејство на марихуаната и на ова поле.

 

Пиво од канабис

 

Пивото го прават од суви стебла на растението, вели производителот на пиво Дом Вендшух.  На почетокот  имале проблеми со вкусот на пивото. „Тоа имаше вкус на расипана брокула. Беше ужасно”, признава тој. Но а крајот , тие успеајале да ја постигнат вистинската комбинација на состојки кои го дале одличен вкус на пивото.

“Вкусот е ‘сув’ и помалку сладок од класичните пива. Пивото многу брзо ‘удира’, што не е случај со другите прехранбени производи со марихуана”, вели Дом Вендшух.

Производот ќе биде пуштен во продажба во октомври 2019 година бидејки тогаш  Канада ќе ги легализира храната и пијалаците со канабис. Марихуаната во Канада сеуште целосно не  е легализирана а тоа ке се случи на 17 октомври 2018 година, по 16 години  откако дозволи да се користи за медицински цели.

 

Производи против менструални болки на база на марихуана

 

Минатата година Вупи го објави лансирањето на линија на производи кои содржат марихуана за да им помогне на жените во смирување на менструалните грчеви.
Брендот, наречен „Вупи и Маја“, е соработка помеѓу Вупи Голдберг и експертката за марихуана со седиште во Калифорнија, Маја Елизабет.
Вупи, која е јавен поддржувач на користењето на марихуана, соопшти дека болката во менструалниот период “не е шега”. Според The New Yorker, таа била инспирирана од нејзините внуки кои страдаат од менструални грчеви.
„Производот можете да го ставите во вашата чанта. Може да се намачкате на долниот дел на стомакот и долниот дел на грбот на работа, а потоа кога ќе се вратите дома, може да си направите купка во када за да се впие или да направите чај, а тоа ви овозможува да продолжите да работите во текот на денот.“

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here