Иако некои нутриционисти не би го класирале чоколадото во категоријата на здрава храна, тоа е одличен избор!

Вкусното црно чоколадо е најздрав избор за десерт после овошјето. Секогаш кога имате желба за нешто благо, слободно посегнете по црно чоколадо!

Една или две коцки од ова слатко задоволство даваат поволни ефекти по здравјето на целиот организам.

Едно истражување спроведено во Германија, во кое биле вклучени повеќе од 20000 испитаници, покажало дека оние лица кои консумирале по 7,5 грама црно чоколадо на ден оствариле видливи здравствени придобивки на срцето и крвните садови.

Нутриционистите веќе знаат дека какаото е навистина здраво, па затоа чоколадото, во својот состав треба да  има минимум 70 % какао или повеќе.

Млечните чоколади не се толку корисни затоа што процентот на какао во нивниот состав е помал, а содржат и млеко во прав и рафиниран шеќер,  кој не е најдобра опција за здравјето.

Еве неколку здравствените придобивки од консумацијата на црно чоколадо:

Штити од срцеви заболувања: Црното чоколадо помага во намалувањето на високиот крвен притисок, со што го намалува ризикот од срцеви заболувања, па дури и од инфаркт.

Го намалува ризикот од рак на дебело црево: Во едно истражување спроведено во научниот институт за технологија на храна во Шпанија, се докажало дека полифенолите кои ги содржи црното чоколадо го намалуваат ризикот од канцерогени заболувања на дебелото црево.

Претставува извор на здрави масти: Маснотиите кои ги содржи црното чоколадо не го покачуваат холестеролот. Ова чоколадо во себе содржи и олеинска киселина која има и во маслиновото масло. Олеинската киселина помага против срцеви заболувања и ги потикнува антиоксидантните активности во телото.

Го подобрува метаболизмот на гликоза: Иако ова звучи нелогично, сепак темното чоколадо помага во регулирањето на нивото на шеќерот во крвта.

Го подобрува расположението:Истражувањата покажаа дека црното чоколадо го потикнува производството на ендорфин (хормонот на среќа), кој е природен антидепресив.

Ја подобрува функцијата на мозокот: На Универзитетот во Нотингем, професорот Мекдоналд со помош на магнетна резонанца докажал дека мозокот на лицата кои консумираат напитоци со какао, работи подобро во споредба со просечниот мозок. Па, не е чудно што децата и студентите многу често кога учат инстиктивно посегнуваат по чоколадо, барем изберете квалитетно.

Ги намалува проблемите поврзани со ПМС: Црното чоколадо го потикнува лачењето на хормонот ендорфин кој го намалува чувството на болка и го подобрува расположението. На овој начин поволно влијае на олеснување на непријатностите поврзани со ПМС.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here