Еден од најубавите градови во светот, холандската престолнина Амстердам, има голем проблем – гумите за џвакање се насекаде.

Секоја година околу милион и пол килограми гуми за џвакање ги преплавуваат холандските улици, со што тоа е вториот најчест отпад во земјата, по догорчињата од цигари.

Холанѓаните сега одлучија оваа маана да ја претворат во доблест и ги направиле првите патики од рециклирани гуми за џвакање собрани од улиците на Амстердам.
Компанија за производство на гуми за џвакање воедно стана и првата компанија за рециклирање, а новите гумени чевли се направени од речиси 20 проценти гума за џвакање.

Патиките за продажба ќе бидат достапни од јуни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here