Анастастија Ражнатовиќ го издаде својот прв сингл. Ќерката на Цеца доби лавина од позитивни реакции на социјалните мрежи за песната „Савршен пар“ и за спотот во кој се појавува еден бразилски манекен, а сниман е на неколку локации во Белград.

Текстот на песната и сценариото за спотот се дело  на Анастасија Ражнатовиќ. Аранжманот на песната е на нашиот композитор Дарко Димитров.

Од бојата на гласот на Анастасија до умереноста во стајлингот, фановите позитивно реагираат на нејзиното првенче. Велат дека песната има модерен призвук и е совршен почеток на музичката кариера на Анастасија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here