По 17 дена , мајката – кит од видот орка го напушти мртвото бебе и според научниците постигна своевиден рекорд.
Женката на китот – убиец орка престанала да го носи своето мртво бебе по најмалку 17 дена , откако прешла 1 600 километри. Научниците ја следеле женката – кит од кога почнала да лови лососи во близина на островот Ванкувер во Канада.
,, Нејзината тажна турнеја заврши и сега се однесува исклучително енергично .”, велат научниците од канадскиот Центар за истражување китови. Позната е појавата китовите да ги носат своите мртви бебиња на грбот , но оваа женка , позната под името Ј35 , постави рекорд.
Прв пат оваа женка била документирана како го носи своето бебе во близина на брегот на Канада на 24 јули.
И Канада и САД се согласуваат дека китовите – убијци од видот орка се на прагот на изумирање . Ова најмногу се должи на нивната зависност од одреден вид лосос , чиј број последните години е во драстичен пад.