По речиси десет години повторно се собра еден од најпопуларните женски бендови на светот „The Pussycat dolls”.
Нивниот заеднички настап по речиси 10 години беше во реалното шоу The X Factor: Celebrity (каде што Шерцингер е судија). Тие изведоа мелодија од нивните најголеми хитови, вклучувајќи го и нивниот нов сингл, „React“.
Групата се распадна во 2010 година кога дојде до мала напнатост меѓу членките. Тие се надеваат дека сега, по десет години, ќе биде поинаку.
Никол признала дека една од причините за распадот на групата бил и нејзиниот проблем со исхраната – булимијата. Таа се чувствувало неспособно, а тоа не го споделила со нејзините колешки, кои не знаеле што се случува со нејзиното здравје.
41-годишната Никол Шерцингер официјално ја потврди оваа информација. – “Многу сум возбудена, сега сме возрасни”, рече пејачката.
Но сепак групата ќе остане без еден член Мелоди Тортон која беше најмладиот член во групата.
Девојките наскоро ќе започнат со голема светска турнеја која ќе ја најават за неколку месеци.