Седумдесет и двегодишниот Силвестер Сталоне не може без Роки, но и без Рамбо. Најновото продолжение од серијалот за боксерот Роки Балбоа на големото платно ќе се најде до крајот на 2019 година, а во меѓувреме актерот во теретана го усовршува телото за последното продолжение на култната франшиза „Рамбо“. Инаку, „Рамбо 5“ доаѓа дури десет години после последното продочжување од овој серијал.
Сталоне за последен пат ќе се појави во улога на Рамбо. Toј го напиша и сценарито за новиот филм, кој би требало да излезе кон крајот на 2019 година. Во овој филм, Рамбо ќе се пресметува со мексикански нарко картел, со цел да спаси ќерка на пријател која е киднапирана. Снимањето на „Рамбо 5“ треба да почне во септмеври во Лондон, Бугарија и на Канарските острови.