Мјузиклот „Посетата на групата“ и „Хари Потер и проколнатото дете“ доминираа на доделувањето на американските театарски награди Тони. Наградите на Тони се даделуваат за најдобри остварувања на Бродвеј,
„Посетата на групата“
Остварувањето необично за Бродвеј, мјузикл со поскромна продукција „Посетата на групата“ (The Band’s Visit) во неделата вечер освои награди во 10 категории, вклучувајќи ги и наградата за најдобар мјузикл и најдобра режија.
Претставата за Хари Потер очекувано доби шест награди, вклучувајќи ги наградите за најдобра претстава и награда режија.
Гленда Џексон беше наградена во категориата главна женска улога во „Трите високи жени на Едвард Алби“, додека Ендру Гарфилд беше награден за најдобра главна машка улога во претставата „Ангели во Америка“.
Во категоријата најдобра машка улога во мјузикл му припадна на Тони Шалуб („Посетата на групата“), а женската на Катрина Ленк за улогата во истоимениот мјузикл.
На музичарот Брус Спрингстин, кој настапи на доделувањето на театарските награди, му беше врачено признание за неговото шоу „Спрингстин на Бродвеј“.
На церемонијата настапија и актерите Роберт де Ниро, Кери Вашингтон, Џим Парсон, Клер Денс, Тина Феј, Били Џоел и други.
Тричасовната програма во Радио сити мјузик хол (Radio City Music Hall) во Њујорк ја водеа Сара Барејлис и Џос Гробан.
И ова церемонија не помина без „скандал“ : Роберт Дениро: „Ќе кажам една работа. Кој го е*е Трамп!“ (Видео)