СВР Тетово потврдува дека 17 годишно девојче од Гостиварско паднало во реката Вардар откако било нападнато од куче скитник.

Настанот се случил вчеравечер околу 19 часот во близина на гостиварската болница. Девојчето, додека се движело по кејот на реката Врадар, било нападнато од куче скитник а во обидот да се одбрани најверојатно изгубило равнотежа и паднало во реката.

Фото: Гостивар прес

Потрагата по девојчето траела три часа и во неа биле вклучени жители на Гостивар и околните места како и полициски службеници. Телото на девојчето околу 22 часот било пронајдено од жители на селото Балин дол.

Станува збор за 17 годишната Џејха Меџити која е од гостиварското село Здуње.

Извор: сдк , мвр,

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here