Можно е никогаш да немате слушнато за селото Тимјаник, Неготинско, но ова село деновиве стана популарно поради изградба на Центар за ресоцијализација на деца со посебни потреби.

Вчера, граѓаните се вознемирија кога слушнаа дека жителите од ова село протестираат против одлуката на Министерството за труд и социјална политика, неколку деца со посебни потреби да се згрижуваат во објектот во село Тимјаник, кој е во сопственост на Министерството.

Тие делеа флаери низ селото, повикувајќи ги жителите да се соберат пред основното училиште и да ја пречекаат министерката Мила Царовска, за да ѝ дадат до знаење дека сакаат градинка, а не центар за ресоцијализација.

Министерката пристигна, но не беше добро пречекана од жителите. Некои од нив велеа дека им била ветена градинка за децата, а други пак не сакаа нивните деца да гледаат деца со посебни потреби. Најголем број од жителите не беа доволно информирани за тоа што всушност значи зборот – дете со посебни потреби.

-Ако треба нека не кољат, нека не бесат, во затвор нека не бутнат, но нема да дозволиме дом – порача еден од селаните.

Друг пак ја понуди својата нива со цел планираната градинка сепак да се изгради.

-Ќе ви дадам хектар во нива да изградите објект таму. Мене дедо ми ми ја дал таа нива јас ќе ви ја дадам на вас, не барам надомест, за да не се мачиме – рече тој.

Жителите се заканија дека од септември нема да ги пуштаат своите деца на училиште. Бараат да дојде градоначалникот на Неготино, како и премиерот Зоран Заев.

Претставникот од УНИЦЕФ им се извини на жителите, бидејќи досега не биле информани за создавањето на домот и вети дека ќе поддржи и изградба на градинка.

Истото го вети и министерката Царовска, која кажа дека ќе стори сѐ за Тимјаник да добие градинка.

Погледнете го прилогот на ТВ21

Новинар: Фуркан Салиу

https://www.youtube.com/watch?v=zVbgFDwaGs4

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here