Австралијката Џеси Mекгваер во еден ресторан во Мелбурн нарачала авокадо на тост со фета сирење за појадок, но она што ѝ го донела келнерката многу ја налутило.

Таа ја сподели својата лутина со следбениците на „Твитер“, од кои многумина се согласија со нејзиното мислење.

„Ова е она што го добив пред пет часа и јас сум сè уште лута. Не сум сигурна дали воопшто некогаш ќе сфатите колку се изнервирав кога за 18 долари го добив ова. Јас ѝ приговорив на келнерката, но таа само се насмевна и кимна со главата. Што е следно? Ќе добиеме семе од авокадо и инструкции за садење и да чекаме да порасне”, пишува таа под фотографијата.

А ова се коментарите на нејзините следбеници:

„Не можам да поверувам дека ти се случи тоа”, „Како треба да го посолиш авокадото? Да ја собираш со прстите солта?” „Истото ми се случи во истиот ресторан. Бев ужасно лута”, „Значи, технички си добила намирници во вредност од 20 куни од кои сама ќе мора да си направиш јадење ни тоа ти го наплатија осумдесет долари?”, коментираат други корисници на „Твитер“, додека некои и велат зошто воопшто нарачала авокадо и леб кога видела колку чинат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here